УСЛОВИ ЗА УПИС ВО ОСНОВНО БАЛЕТСКО ОБРАЗОВАНИЕ 2026/2027
Поднесување документи за запишување во основно балетско образование за учебната 2026/2027 година
15.04.-15.05.2026
задолжителна електронска пријава
Приемен испит основно балетско образование
8 Јуни 2026
Внимателно прочитајте ги условите и одберете ја соодветната електронска пријава според возраста на ученикот. При пополнување на електронската пријава ќе биде побарано да се најавите со активна gmail адреса (мејл) преку кој ќе ги прикачите документите за запишување во електронска форма. Мејлот преку кој ја пополнувате пријавата ќе биде користен за понатамошна комуникација.
Секој пријавен кандидат ќе биде известен на мејл за терминот на приемен испит.
Прочитајте ги внимателно условите за запишување според наставниот план за основно музичко образование донесен од страна на БРО и Статутот на училиштето.
Пријавите на кандидатите кои според возраста не ги исполнуваат условите за запишување во соодветен вид основно музичко образование, ќе се сметаат за невалидни и нема да бидат земени предвид. Поради тоа потребно е најпрво да ги прочитате условите за запишување во соодветниот вид на основно музичко образование.
ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРИЈАВА е поставена на крајот од страницата 👇👇👇
ШЕСТГОДИШНО БАЛЕТСКО ОБРАЗОВАНИЕ
Во основно балетско образование можат да се запишат во I одделение ученици кои во редовна настава во матичното училиште следната учебна 2026/27 година ќе бидат во IV,V или VI одделение.
ДОКУМЕНТИ КОИ Е ПОТРЕБНО ДА ГИ ДОСТАВИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ ПРИЕМЕН ИСПИТ ЗА ОСНОВНО БАЛЕТСКО ОБРАЗОВАНИЕ:
На денот кога ќе се полага приемниот испит треба да се донесат и остават на комисијата следните документи:
Фотокопија од извод од матична книга на родени на ученикот;
Потврда за редовност од матичното училиште каде што учи ученикот
Лекарска потврда од спортска медицина
Наведените документи ги прикачувате и во електронската пријава.
ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРИЈАВА е поставена на крајот од страницата 👇👇👇
Важни информации:
• во I одделение нема да бидеме во можност да ги запишеме сите кои ќе се пријават и ќе бидат запишани само учениците кои ќе го положат приемниот испит, согласно слободните места.
• за балетско образование I одделение е селективно и во II одделение ќе продолжат само учениците кои успешно ќе го положат испитот на крајот на годината.
• распоредот на часови не сме во можност да го прилагодиме на секој поединечно и поради тоа Ве молиме да ги прилагодите Вие сите други активности според распоредот кој ќе биде објавен на почетокот на учебната година
НА ПРИЕМНИОТ ИСПИТ ЗА ШЕСТГОДИШНО БАЛЕТСКО ОБРАЗОВАНИЕ СЕ ПРОВЕРУВА ТАНЦОВНАТА И ФИЗИЧКАТА СПОСОБНОСТ НА КАНДИДАТИТЕ
(танцовалност, музикалност, телесни предиспозиции)
Комисијата за време на аудицијата ќе ги вреднува музикалноста и ритмичката прецизност. Одлуката на комисијата ќе биде донесена со внимание и почит кон секој учесник и е конечна.
Важно: Ве молиме имајте предвид дека бројот на места е ограничен поради просторните услови.
СИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ БИДАТ ДОПОЛНИТЕЛНО ИЗВЕСТЕНИ ЗА ТЕРМИНИ ЗА ПРИЕМНИОТ ИСПИТ.
Согласно Статутот на училиштето, објавувањето на примените ученици во основно музичко образование е по завршувањето на приемните испити за средно образование во јули, кога може да се знае бројката на слободни места.