Раководител на оддел:
Татјана Цанева
dmbuc.tcaneva@gmail.com
Теоретскиот оддел претставува темел на музичкото образование, каде се обликуваат музичката писменост, креативноста и уметничката мисла.
Преку солфеж, теорија на музика, хармонија, контрапункт, историја на музика и музички форми, фолклор како и композиција и диригирање, учениците стекнуваат цврста теоретска и интелектуална основа. Паралелно, општообразовните предмети играат клучна улога во градењето на ерудитни, културолошки оформени личности.
Наставата во овој оддел не само што создава идни композитори, музиколози и диригенти, туку ги изградува и изведувачите во професионални, свесни и уметнички зрели личности.
Активностите – концерти, семинари, работилници, јавни настапи, авторски проекти, натпревари, како и ученички осврти и интервјуа – овозможуваат практична примена на знаењето, развој на критичко мислење, сценско искуство и уметничка афирмација.
Со современ пристап и индивидуална посветеност, одделот создава комплетни музички професионалци, подготвени за високо образование и активен уметнички ангажман.