Оддел за за дувачки инструменти, соло пеење, хармоника и удирачки инструменти
Раководител на оддел:
Даниела Неделковска
dmbuc.dnedelkovska@gmail.com
Одделот за дувачки инструменти, соло пеење, хармоника и удирачки инструменти при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ обединува повеќе инструментални и вокални насоки, со фокус на индивидуален пристап и уметнички развој на учениците.
Во рамките на шестгодишното образование се реализира настава по дувачки инструменти флејта, кларинет, саксофон, обоа, труба, хорна, како и по хармоника и удирачки инструменти.
Во рамките на тригодишното образование се реализира настава по соло пеење, тромбон и фагот.
Одделот активно учествува во концертни активности, натпревари и соработки, со што се поттикнува сценското искуство, креативноста и професионалниот развој на учениците.