Оддел за традициски играч - пејач
dmbuc.gtaseva@gmail.com
Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје претставува прва формална образовна програма од ваков вид во државата, воведена во учебната 2001/2002 година. Таа е насочена кон систематско изучување, негување и афирмација на македонската традиционална вокална, инструментална и орска култура. Во рамки на четиригодишното образование, учениците стекнуваат знаења и вештини од областа на народното пеење, традиционалните инструменти и народните ора, како и теоретски дисциплини како етнокореологија, етнологија и етномузикологија.
Посебен акцент се става на теренските истражувања, преку кои учениците директно се запознаваат со автентичната традиција. Насоката активно учествува на бројни концерти, фестивали и натпревари во земјата и странство, при што учениците остваруваат значајни успеси и признанија. Преку својата работа, таа придонесува кон зачувување и ревитализација на македонското културно наследство и создавање на млади кадри подготвени за понатамошен уметнички и професионален развој.