Оддел за класичен балет
dmbuc.sspasenovska@gmail.com
Насоката за класичен балет при Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски – Луј“ претставува еден од најзначајните столбови во едукацијата на младите балетски уметници во државата. Како единствено училиште од областа на балетската уметност, со долгогодишна традиција и континуитет во работењето, оваа насока има клучна улога во развојот и афирмацијата на балетската уметност.
Од своето основање како балетско училиште потоа и како дел од овој центар, насоката за класичен балет се развива како квалитетно и стручно образование, следејќи ги светските стандарди и методологии во балетската педагогија. Низ годините, бројни генерации ученици ја стекнале својата основа токму тука, продолжувајќи ја својата кариера како професионални балетски уметници на домашната и меѓународната сцена.
Наставата во насоката за класичен балет се реализира преку внимателно осмислена програма која ги опфаќа сите сегменти на балетската едукација:
класичен балет
карактерни танци
современ танц
репертоар и сценска практика
историски танци
музичка подготовка и теоретски предмети
Наставниот процес го водат високо квалификувани професори и уметници, кои посветено работат со учениците, следејќи го нивниот индивидуален развој, техничка подготвеност и уметнички израз.
Учениците редовно учествуваат на концерти, претстави, натпревари и меѓународни фестивали, каде постигнуваат значајни успеси и признанија. Особено значајна е соработката со Националната опера и балет, која овозможува директно вклучување на учениците во професионални продукции.